Гвардиола воведе карантин во Манчестер Сити

Пеп Гвардиола упорно бара решение за резултатската криза на Манчестер сити откако англискиот првак влезе во катастрофална серија на резултати, паѓајќи на шестото место на табелата во Премиер-лигата.

„Граѓаните“ попладнево го пречекуваат Евертон на „Боксинг Деј“, а Гвардиола ги шокираше скапо платените ѕвезди воведувајќи карантин пред овој дуел. Фудбалерите на Сити вообичаено пред домашните натпревари се со своите семејства, по што доаѓаат во тимскиот хотел во договорениот термин, но Пеп реши да ја промени оваа традиција, и тоа среде прославата на божиќните празници.

Целта е јасна – да се крене тимскиот дух во периодот на најголемата криза во последната деценија. Фудбалерите наводно без збор ја прифатиле одлуката на Гвардиола, а останува да видиме денеска против Евертон дали ваквиот потег и обид за будење на заспаниот џин ќе вроди со плод.

Се вчитува...