Пеп Гвардиола вели дека неговиот тим максимално одел на победа во дербито против Арсенал кое заврши без голови, но на крај може да биде задоволен и со освоениот бод.
Фудбалерите на Манчестер сити и Арсенал одиграа натпревар на „Етихад“ во кој немаше што многу да се види, а со ремито се чини „победи“ Ливерпул кој сега е со два однос три бода предност на врвот во Премиерлигата во однос на двата тима во трката за титулата.
„Бодот е добар. Ние одевме на победа, но и бодот е добар за нас. Така е како е“ – рече Гвардиола по мечот и дополни:
„Ние сме во моментов трети на табелата со 64 бода. Сега сме со три бода минус во однос на Ливерпул и знаеме дека ќе мора во финишот на сезоната да бидеме перфектни како и во минатото. Ја освојувавме Премиерлигата со 98, 99 бода. Сега е најважно физички и ментално да се опоравиме“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА