Гвардиола за нов договор на Де Брујне: Тој нека размисли, има 34 години…

Дали Кевин Де Брујне ќе продолжи да игра во Манчестер Сити, или по завршување на сезоната ќе си замине од „Етихад“? Белгиецот има договор до крајот на сезоната, но се поизвесно е дека идната сезона нема да биде дел од „Граѓаните“.

Пеп Гвардиола, менаџерот на актуелниот англиски првак проговори за можноста Белгиецот да го продолжи договорот.

„Мора да донесе одлука, и да биде искрен со себе и да одлучи што сака да прави во следниот период од животот. Тој ќе наполни 34 години и ќе мора да донесе одлука како што на прави на пример Давид Силва“, рече Гвардиола.

Де Брујне сезонава е целосна спротивност на она што го играше во минатото, кога беше еден од движечките сили за титулите на Сити.

Се вчитува...