Гвардиола за пијаниот Грилиш: „Лут сум што не ме поканија да излезам со нив“

На скапите „ѕвезди“ на Манчестер Сити, очигледно не им непознато да се најдат во центарот на скандалот, а овој пат тоа беше Џек Грилиш, скапото засилување платено повеќе од 100 милиони минатото лето. Претходно Менди беше уапсен откако беше обвинет за осум силувања, потоа аферата со Кајл Вокер, а сега Гилиш наводно бил сниман мртов пијан после натпреварот со Фулам во ФА Купот, во мечот во кој беше стартер.

Грилиш евидентно не можеше да стои на нозе, а на негова несреќа беше снимен, а снимките брзо се појавија на интернет.

Клубот се реши да го одбрани играчот, а отрфелени се обвиненијата дека играчот бил пијан.

Интересна изјава даде Пеп Гвардиола пред натпреварот со Брентфорд на прес-конференција.

„Многу сум лут што не ме повикаа да одам со нив! Таа снимка не покажува што се случило и што не се случило. Сите беа совршени, а ќе бидат казнети затоа што не ме повикаа“, изјави Гвардиола.

Се вчитува...