Гвардиола за поништениот гол: Цел меч не свиреше, но ова е „Енфилд“…

Пеп Гвардиола не можеше да го преболи поништениот гол на Фоден во второто полувреме од дербито со Ливерпул, што Манчестер Сити на крајот го загуби со 1-0. Фоден биеше прецизно, „граѓаните“ го прославија голот, но судијата Тејлор го поништи по консултацијата со ВАР-арбитрите, поради очигледно влечење на Фабињо од страна на Ерлинг Халанд.

Гвардиола бурно реагираше при самата одлука, провоцирајќи дел од навивачите, а по дуелот беше јасен на ставот дека тој старт не требаше да биде окарактеризиран како фаул.

„Искрено, не разбирам што направи судијата. Пред натпреварот ни пријде и ни кажа каков критериум ќе има, дека ќе свири прекршоци само ако се целосно очигледни. Тој цел натпревар оставаше вакви стартови, не свирна ниту еден, но кога ние дадовме гол реши да го смени критериумот. Сепак, ова е „Енфилд“ и тоа очигледно е причината“, иронично прокоментира Пеп Гвардиола.

Се вчитува...