Гвардиола заминува од Манчестер Сити на крајот од сезоната, познато е кој ќе го наследи

Се ближи крајот на една ера во Манчестер Сити. Според фудбалскиот инсајдер Фабрицио Романо, Пеп Гвардиола донел одлука на крајот од сезоната да го напушти „Етихад“, без разлика каква ќе биде сезоната за „граѓаните“.

Гвардиола е на чело на Манчестер Сити од 2016 година, и со тимот освои се што можеше да се освои, вклучувајќи го и пехарот во Лигата на шампионите, кој беше прв, и засега единствен во историјата на овој тим. Ќе остане запишан како најдобриот менаџер на сите времиња за овој тим.

Романо пишува дека е познато и кој ќе го наследи на клупата на Сити. Според најавите, Енцо Мареска ќе треба да биде нов тренер од идната сезона. Италијанецот кој е без ангажман по отказот од Челси, ќе го замени легендарниот Гвардиола, и ќе има за цел да оди по неговите стапки.

Се вчитува...