Манчестер сити и оваа репрезентативна пауза ќе ја помине на врвот од Премиер – лигата, откако оствари слатка победа (3-1) над градскиот ривал Манчестер јунајтед. Менаџерот Пеп Гвардиола смета дека триумфот на „граѓаните“ е сосема заслужен, но сака да ја држи тензијата кај фудбалерите, затоа што долг е патот до одбрана на титулата.
„Ја заслуживме победата. Првиот дел го одигравме и со доза на страв, но по вториот гол што го постигна Серхио Агуеро бевме многу подобри. На вакви дерби натпревари, мудроста е одлика на екипите. Ние не сакавме да им ја дадеме топката, а тие не сакаа да напаѓаат, туку само да се бранат. Сепак, Манчестер јунајтед е тим со неверојатен квалитет и може да ве казни многу брзо. Овој триумф многу ни значи, повторно сме на врвот, но титула не се слави во ноември. Долго е првенството и ќе треба да се докажуваме од натпревар во натпревар. Драго ми е што создаваме многу шанси и што реализацијата е на ниво“, анализираше Пеп Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА