Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола како голем џентлмен ја коментираше одлуката на Манчестер Јунајтед да му врачи отказ на Ерик тен Хаг.
Тој застана во одбрана на својот доскорашен колега, и изрази надеж дека ќе се врати на тренерската работа уште посилен.
„Жал ми е за Тен Хаг, и верувам дека ќе се врати уште подобар. Имав одлична соработка со него. За жал, оваа наша работа секогаш зависи од резултатите, и секогаш сме под ризик“, рече Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА