Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола смета дека живееме во период на фудбалски генијалци како Лео Меси и Кристијано Роналдо и дека можеме да уживаме во нивното големо ривалство, прилика што ја нема често во светот на фудбалот. Ривалитетот меѓу Португалецот и Аргентинецот трае уште од 2007 година кога Рикардо Кака ја освои „Златната топка“. Од таа година Меси и Роналдо освоија по пет „златни топки“.
„Лео како натпреварувач е вистинско животно, не поднесува порази. Тоа им помага и на неговите соиграчи кои го следат. Уште како дете се лутеше на поразите. Во големи натпревари, ако колегите му помагаат, во состoјба е да направи разлика“ – вели Гвардиола.
Пред извесно време се појавија тврдење дека Манчестер Сити во неколку наврати се обидувал да го доведе Меси на „Итихад“ и дека наводо за тоа му била понудена трипати поголема плата од таа во Барселона.
„Со Меси и со Роналдо живееме во ера да фудбалски феномени. Скоро десет години играа во иста лига, постигнуваа по 50 гола во сезона. Тоа е неверојатен податок. И не се работи за една, туку за 10 години“ – објаснува Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА