Манчестер сити ја освои шампионската титула во Премиер – лигата, а менаџерот Пеп Гвардиола веќе размислува да го засили тимот со нови фудбалери, за да може уште поподготвено да влезе во одбрана на трофејот следната сезона. Шпанецот веќе ги одреди целите за претстојниот летен преоден рок.
Гвардиола посакува да го купи играчот за врска на Наполи, Жоргињо, за кој постои интерес и од Ливерпул и од Манчестер јунајтед. Но, тој верува дека раководството на клубот ќе успее да го убеди да пристигне на „Етихад“. Втората желба на менаџерот на Манчестер сити е Ријад Марез, крилниот играч на Лестер. Тој оваа сезона не блеска како минатата, но „граѓаните“ се уште веруваат дека тој би бил одлично засилување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА