Манчестер Сити на доминантен начин се пласираше во полуфиналето на ФА Купот откако славеше со убедливи 6-0 против второлигашот Барнли. Интересно, и на овој натпревар блескаше Ерлинг Халанд кој постигна хет-трик неколку минути пред да биде заменет.
Пеп Гвардиола по натпреварот одлучи да се нашали и за критиките кои ги претрпе по замената на Халанд на натпреварот од Лигата на Шампиони против Лајпциг каде беше обвинет дека го сторил истото со цел да го спречи младиот Норвежанец да го надмине Лео Меси.
„Халанд постигна осум гола во четири дена тоа е неверојатно. Јас во Барселона играв 11 години и постигнав вкупно 11 гола. Тој го направи тоа речиси во четири дена. Нормално дека го извадив од игра по три постигнати гола за да не го сруши рекордот на Меси во ФА Купот“, вели шпанскиот стратег.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

