Хабиб Нурмагомедов ќе заработи суспензија за инцидентите по триумфот над Конор МекГрегор, но рускиот борец ќе го задржи шампионскиот појас што му следи по победата над доскорешниот првак.
Како што јавуваат американските медиуми, спортската комисија при државата Невада моментно му ги задржало и парите што му следат за борбата, во висина од два милиони долари, а дополнително ќе биде изречена должината на суспензијата.
„Тие го имаат задржано целиот хонорар на Хабиб и се говори дека ќе го задржат трајно. Јас лично мислам дека тоа не би требало да се случи, треба да земат максимум 250.000 долари. Хабиб сигурно ќе ја задржи титулата, појасот му следи за победата, иако ќе биде суспендиран. Казната ќе биде отсуство од борбите од четири до шест месеци“ – изјави денеска претсседателот на УФЦ, Дејна Вајт.
Во меѓувреме, денеска за својот дел од вината за инцидентите беше изречена суспензија за Конор МекГрегор, во времетраење од еден месец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА