Хабиб не издржа а да не го „пецнe“ Конор: Е, така ти е кога…

Хабиб Нурмагомедов не можеше да се воздржи од коментар за тешкиот пораз на Конор Мекгрегор против Дастин Порие. Порие го нокаутира Конор во втората рунда и се чини дека Хабиб воопшто не беше премногу изненаден поради ваквиот епилог.

Нурмагомедов беше целосно искрен со пораката дека менувањето спаринг-партнери е најголемиот виновник за поразот на Конор.

„Е, ова се случува кога ќе го смените целиот тим, ги оставете спаринг партнерите што ве направија шампион и тренирате со мали деца, далеку од реалноста“, напиша Хабиб.

Мекгрегор се подготвуваше за мечот со Порие со својот спаринг-партнер Дилан Моран, со цел подобро да се подготви за успешна борба.

Се вчитува...