Хабиб: Голите девојки покрај рингот воопшто не се потребни

Пензионираниот руски ММА борец Хабиб Нурмагомедов се најде во вниманието на јавноста со неговата изјава поврзана со атрактивните девојки кои сигналицираат почеток на нова рунда, традиција која се негува веќе долго време во најголемиот број од боречките спортови.

Имено според Нурмагомедов истите се непотребни и на ниеден начин не помагаат во промоција на спортот и единствено во оваа пракса не гледа никаква поента.

„Не сакам да навредам никого, но тие девојки се најнепотребното нешто во боречките спотови. Која е нивната улога? Може и на екранот да се покаже кога почнува нова рунда. Дали тие помагаат во развој на спортот? Како помагаат на луѓето со тоа што ќе покажат дека започнува нова рунда? Ве молам да ми дадете одговор“, изјави 33-годишникот во август, а сега нa една  конференција во Велика Британија повторно говореше на истата тема.

„Јас водам своја МАА промоција наречена ‘Eagle Fighting Championship’ (EFC) и многумина ме прашаа зошто таму нема такви девојки. Јас им кажев дека е така бидејќи во тоа не гледам поента. Тоа е само мое мислење. Некои луѓе не се согласуваат со мене, но не ми е галје. Дена Вајт и останатите можат да прават што сакаат. Ги разбирам и не ги осудувам, но и јас имам свое мислење“

Се вчитува...