Хабиб ја одреди цената: Ако платите, добро ќе размислам…

Хабиб Нурмагомедод со перфектни 29 победи на досегашните 29 борби во УФЦ реши да ја заврши кариерата, поради ветувањето дадено на мајка си по смртта на неговиот татко.

Еден месец по таа одлука, сега самиот Хабиб најавува дека би можел да се премисли, доколку добие неодолива понуда за камбек во октагонот. Според Нурмагомедов, сума од 100 милиони долари би била доволна за тој сериозно да почне да размислува на оваа тема.

Ако се каже крај, треба да е крај. Но, знам дека Дена Вајт ќе ми понуди пари за да се вратам. Тоа е нормално, ако да речеме, ми понуди 100 милиони долари, тогаш добро ќе размислам“, истакна Нурмагомедов.

УФЦ-шампионот до крајот на годинава треба да се сретне до првиот човек на УФЦ, па интересно ќе биде да се види колкава сума ќе му понуди Вајт на Нурмагомедов за камбек.

Се вчитува...