Хабиб Нурмагомедов е подготвен да му даде реванш на Конор Мекгрегор во нова мегапресметка на големите ривали, и тоа во боксерски ринг.
Русинот и Ирецот создадоа огромно ривалство во изминатите години што кулминираше со масовна тепачка по октомвриската борба во Лас Вегас, во која Нурмагомедов го победи Мекгрегор. Во меѓувреме и двајцата борци беа поврзувани со дуели со различни противници, но таткото на Хабиб, Абдулманап Нурмагомедов, ја остави отворена можноста двајцата да се појават во боксерски ринг еден против друг.
„Хабиб покажа дека може да победи секого во УФЦ, нов предизвик би можел да му биде во боксот. Ако Конор сака да влезе во ринг за боксерски меч со мојот син, ние сигурно сме заинтересирани за такво нешто“ – истакна Абдулманап Нурмагомедов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА