Хабиб Нурмагомедов со брутална порака по отказот за Чаби Алонсо: „Разгалени деца….“ (ФОТО)

Реал Мадрид ја изненади фудбалската јавност со отказот за Чаби Алонсо и покрај тоа што претходно беше истакната максимална поддршка за својот тренер.

Исто така, се појави информација дека Перез сака да го доведе Јирген Клоп како нов тренер и дека контактите со германскиот тренер веќе се воспоставени.

Па, на тоа не остана имун и познатиот борец на УФЦ Хабиб Нурмагомедов, кој инаку е голем обожавател на кралскиот клуб, па реши да реагира откако беше објавено дека Алонсо е отпуштен.

Дегестанецот го поддржа младиот шпански тренер и им испрати брутална порака на Перез и на играчите на Реал.

„Нема ништо како лојалност. Пред една година го молеа Алонсо да дојде, а сега го отпуштаат поради разгалени деца… Чаби ти си најдобар“, напиша Хабиб.

Хабиб претходно потврди дека е навивач на Реал Мадрид од детството и неколку пати бил во шпанската престолнина за да го гледа клубот како игра.

Се вчитува...