Хабиб Нурмагомедов започнува свој бизнис

Еден од најдобрите УФЦ борци на сите времиња, Хаби Нурмагомедов потврди дека вложил пари во создавање на мобилен оператор. Шампионот во лесна категорија кој неодамна ја заврши кариерата изјави дека влегува во новиот бизнис исто така посветен како и на спортската кариера.

„Искреност и одговорност се принципи на кои ја градев спортската кариера. Сега сум подготвен да одам и понатаму и конечно можам да ви соопштам вест која долго посакував да ја направам. Мој тим и јас наскоро почнуваме со работа на мобилен оператор „Игл мобајл“ кој ќе се базира на моите сопствени убедувања. Прво ќе ја покриеме московската област, но тоа е само почеток бидејќи сме многу амбициозни“, изјави Хабиб. 

Компанијата на Хабиб со пробната фаза почнува на почетокот на декември.

Се вчитува...