Хабиб Нурмагомедов: Зошто да се вратам, па толку сум посилен од овие момци

Хабиб Нурмагомедов не е блиску до враќање во УФЦ-шампионатот откако дагестанскиот борец останал неимпресиониран од вчерашната програма. Актуелниот шампион кој веќе објави пензионирање најави дека би можел да се премисли доколку види нешто што ќе го импесионира од борците кои ќе влезат во октагонот.

Сепак, Мекгрегор беше нокаутиран од Порие, кој и самиот е далеку од нивото на Хабиб, па светскиот првак веќе не делува толку загреано за камбек. Ова го потврди и првиот човек на УФЦ, Дена Вајт, кој разговарал со Нурмагомедов непосредно по борбите.

„Зборував со Хабиб и ми рече: Дана, да бидеме искрено, знаеш дека сум толку многу нивоа над овие момци. Ќе дојдам и ќе ги истепам, но тоа не е предизвик. Не знам, не ми звучеше оптимистички дека ќе се врати. Се обидувам да го премислам, но поентата е дека сите останати борци мораат да го креваат нивото, не да чекаат на популарноста на Хабиб. Тој веќе не е овде, колку и да го молиме за една последна борба, овој спорт не смее да зависи само од еден борец“, изјави Вајт.

Се вчитува...