Хабиб одбил 100 милиони долари, само за да го одржи ветувањето кон својата мајка

Хабиб Нурмагомедов имал на маса пребогата понуда за да се врати за една последна борба во својата кариера, но истата експресно ја одбил поради ветувањето дадено на неговата мајка. Нурмагомедов објави крај на кариерата по победата над Гатје, истакнувајќи дека веќе нема да влезе во октагонот бидејќи и ветил на мајка си дека ќе се посвети на семејството по смртта на неговиот татко Абдулманап во текот на минатата година.

Неговиот агент Али Абделазиз обелодени дека на Нурмагомедов му биле понудени 100 милиони долари за ревијална борба со боксерскиот шампион Флојд Мејведер, кој исто така се има повлечено од професионални борби, но Дагестанецот негативно одговорил на понудата.

„Понудата беше на маса – 100 милиони долари за борба со Флојд Мејведер. Ова не е лага, можете да го прашате и Флод, ќе ви потврди. Сепак, разговорите траеја многу кратко бидејќи Хабиб не го интересираа парите. Им одговори дека не сака, дека е пензиониран и не сака да го прекрши ветувањето дадено на неговата мајка“, изјави Абделазиз.

Се вчитува...