Хабиб Нурмагомедов ги израдува своите фанови најавувајќи нов проект, објавување на неговата автобиографска книга со назив “Khabib Time”. Русинот по жестоката пресметка со Конор Мекгрегор се уште нема обелоденето кој ќе биде негов следен ривал во УФЦ, а додека течат преговорите за мега-пресметка со Флојд Мејведер, Нурмагомедов се фокусира на други приоритети.
Тој стартуваше хуманитарна мисија за помош на децата во најсиромашните делови од Нигерија, а во меѓувреме ја финишира и книгата што ја подготвува две години.
„Многу сум среќен што можам да најавам дека мојата автобиографија „Khabib Time” e финиширана и спремна за печатење. Работевме на оваа книга повеќе од две години, кога почнавме да ја пишуваме со Г-дин Курбанов никој не знаеше дека за две години ќе бидам шампион на УФЦ и дека ќе го одбранам појасот во најглемата борба во историјата на ММА. Тогаш многу луѓе ми се смееја, ми порачуваа дека треба прво да станам шампион, па да пишувам книги, имаше многу критики… Признавам дека тој потег ми беше многу рискантен, но на крајот се покажа како многу добар“ – порача Хабиб Нурмагомедов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА