Хабиб Нурмагомедов не делува премногу изненадено од изречената казна од страна на УФЦ, откако рускиот борец заработи суспензија од девет месеци за инцидентот по борбата со Конор Мекгрегор. Наспроти него, Ирецот доби суспензија од шест месеци, но многу подрастична е споредбата во паричната казна – Хабиб ќе треба да плати 500.000 долари, десет пати повисока сума од онаа што ќе треба да ја плати Мекгрегор.
„Засекогаш политика“ – напиша Нурмагомедов по дознавањето на висината на казната, потоа додавајќи „Разбудете ме кога се ќе биде готово“.
По ваквиот развој на настаните, уште поголеми се шансите Русинот да ја напушти УФЦ и во наредниот период да одржи мега-борба под капата на друга организација, и тоа пресметка со американскиот боксер Флојд Мејведер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА