Хабиб: Среќа што ми го даде појасот, знам каде …

Хабиб Нурмагомедов го доби шампионскиот појас што му следеше за големата победа над Конор МекГрегор, по што Русинот реши да се пошегува со првиот човек на УФЦ, Дена Вајт.

Хабиб се фотографираше со појасот пред автомобилот на Вајт, објавувајќи ја сликата на инстаграм со порака: Дена, среќа што ми го даде појасот, бидејќи ќе ти го скршев автомобилот. Знам каде паркираш“.

Веднаш следеше и одговорот на Вајт: „Ќе те кажам на татко ти“ – потсетувајќи го Хабиб на строгоста на неговиот родител.

 

View this post on Instagram

 

@danawhite you lucky that you give my belt, or I would smash your car, I know your parking location ? #SendmeLocaition

A post shared by Khabib Nurmagomedov (@khabib_nurmagomedov) on

Се вчитува...