УФЦ шампионот Хабиб Нурмагомедов за првпат проговори за смртта на неговиот таткот Абдулманап Нурмагомедов кој почина на 58 години како последица од компликации поради зараза со коронавирусот.
Абдулманап вчера беше погребан во Дагестан во присуство на роднини и пријатели. Хабиб одржа краток говор, заблагодарувајќи се на сите кои му даваат поддршка во овие, за него, тешки моменти.
„Направивме се што можевме. Но, не можеме да влијаеме на одлуките на Семоќниот. Таква е волјата на Алах“ – истакна Хабиб Мурмагомедов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА