Жестоката физичка пресметка меѓу Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку е најголемиот озборуван момент од дербито меѓу Милан и Интер во четвртфиналето од Купот на Италија. Златан во неколку наврати упати „пцовки“ до мајката и сопругата на Лукаку, но и Белгиецот не му остана должен. За овој инцидент свој коментар даде и легендарниот борец Хабиб Нурмагомедов.
На социјалните мрежи со денови се дискутира кој би ја добил борбата меѓу двајцата фудбалери. На повеќето вакви анкети Златан добива околу 70%, а непоразениот ММА борец, Хабиб Нурмагомедов, исто така својот глас го дал за Златан, укажувајќи дека верува во победа на Ибра. Дагестанскиот борец го означил Златан на прашањето – „кој ќе победи во борбата, Златан или Лукаку“?
Вербалниот судир заврши со жолти картони за двајцата играчи, а потоа пресметката продолжи и во тунелот. Соиграчите едвај го задржаа Лукаку да го нападне Ибрахимовиќ. Бесниот играч на Интер го пресретнал Ибра, па му упатил сериозна закана:
“Кучкин син, сакаш да ја спомнеш мајка ми? Ќе те пукам во главата!”, рекол Лукаку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

