Хачанов го елиминираше Кирјос, крај и за Коко Гоф на УС опен

Рускиот тенисер Карен Хачанов стигна до своето прво гранд-слем полуфинале откако во четвртфиналето славеше над Австралиецот, Ник Кирјос со 3-2 по сетови 7-5, 4-6, 7-5, 6-7 и 6-4.

Во полуфиналето Русинот ќе се сретне се Норвежанецот, Каспер Руд кој со максимални 3-0 славеше над Италијенцот, Матео Беретини.

Кај дамите елиминација доживеа домашната надеж Кори Гоф која со максимални 2-0 (6-3 и 6-4), загуби од Каролин Гарсија од Франција. Французинката во полуфиналето ќе се сретне со Онс Жабер од Тунис.

Се вчитува...