Карен Хачанов и Тејлор Фриц се првите четвртфиналисти на Вимблдон откако овие двајца тенисери рутински ги завршија своите осминафинални задачи.
Хачанов за противник го имаше Камил Мајчак, кого без многу мака го совлада со 3-0 во сетови. Рускиот тенисер направи брејк уште во третиот гејм од мечот, го доби првиот сет со 6-4 и си го трасираше патот до четвртфиналето. Задачата во преостанатите два сета му беше уште полесна, ако се знае дека противникот во вториот освои само два, а во третиот три гејма, за заслужен пласман на Хачанов меѓу најдобрите осум тенисери на овогодинешното издание на Вимблдон.
Фриц имаше уште полесна задача ако се знае дека Американецот го доби првиот сет против Томпсон со убедливи 6-1, по што противникот покажа сериозни знаци на повреда. Томпсон се обиде да продолжи по медицинскиот тајмаут, но откако стана јасно дека не може да игра на највисоко ниво го предаде мечот при резултат 6-1, 3-0, 40-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

