Хадерсфилд е тимот кој успеа прв да го собере „скалпот“ на Жозе Мурињо и Манчестер јунајтед оваа сезона во Премиер лигата. Во 9. коло Хадерсфилд славеше со 2-1 против „црвените ѓаволи“ оставајќи ги сега со 5 бода заостанување зад Манчестер сити кој по победата од 3-0 над Барнли останува единствен непоразен тим сезонава.
Хадерсфилд за само пет минути во првото полувреме дојде до предност од 2-0 со головите на Мој во 28. минута и Депоите во 33. минута.
Јунајтед единствено што успеа во вториот дел е да го ублажи поразот со голот на Рашфорд во 78. минута.
Манчестер сити ја најави победата против Барнли уште во 30. минута со голот на Агуеро од пенал. Во вториот дел стрелаа дополнително Отаменди во 73. минута и Сане во 75. минута.
Њукасл победи против Кристал Палас со голот на Мерино во 78. минута од средбата.
РЕЗУЛТАТИ – 9. КОЛО
Челси – Ватфорд 4-2
Манчестер сити – Барнли 3-0
Хадерсфилд – Манчестер јунајтед 2-1
Њукасл – Кристал Палас 1-0
Стоук – Бурнмаут 1-2
Свонси – Лестер 1-2
ТАБЕЛА: Манчестер сити 25 бода, Манчестер јунајтед 20, Тотенхем(-1) 17, Челси 16, Ватфорд 15, Њукасл 14, Арсенал(-1) 13, Ливерпул(-1) 13, Барнли 13,…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА