Одличниот настап и победата на неговиот тим Ал Дафра против Ал Васл му го донесе на Ѓоко Хаџиевски епитетот најдобар тренер на колото во првенството на Обединетите Арапски Емирати.
Тимот на Хаџиевски води борба за опстанок во елитата, а токму оваа победа е од огромно значење за бегство од дното на табелата, против силниот состав на Ал Васл кој во пресрет на ова коло се наоѓаше на четвртото место на табелата.
Ова е второ признание на Хаџиевски „тренер на колото“ во изборот на најтиражниот весник „Ал Итихад“, откако Македонецот го доби истиот епитет и веднаш по доаѓањето во ОАЕ и победата над екипата на Диба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА