Македонскиот стратег Ѓоко Хаџиевски го предводеше својот тим Хата до реми (2-2) против Диба Ал Фуџаира во 21.коло од првенството на Обединетите Арапски Емирати. Иако Хата двапати на овој меч имаше водство, сепак гостите успеаја да стигнат до бод.
Бразилецот Самуел двапати носеше водство за Хата, но Мохамед беше стрелец за Ал Фуџаира.
Хата, со Ѓоко Хаџиевски на кормилото, е на добар пат да ја оствари целта за оваа сезона, да обезбеди опстанок во елитното друштво. По 21 одиграни кола, Хата има освоено 21 бод, осум повеќе од Емирати Клуб, кој се наоѓа на претпоследната позиција на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА