Хаџиевски и компанија растураат во ОАЕ: Емирати со луд пресврт од 1-3 до 4-3 (ВИДЕО)

Поранешниот македонски селектор Ѓоко Хаџиевски и неговите соработници Никола Коки Аврамовски и Филип Деспотовски фудбалски го „полудеа“ ОАЕ. Со тимот на Емирати ја забележаа осмата последовна победа во првенството и се на прагот на влез во елитата. Денешниот триумф над Ал Араби е посебна приказна со оглед дека е остварена со луд пресврт во финишот од мечот. Емирати имаше негатива од 1-3 и на крајот успеа да слави со 4-3.

На осум кола до крајот Емирати има 30 бода, убедливо го чува првото место, а првите два тима влегуваат во елитната Арабијан Гулф дивизија. Хаџиевски се надева дека одличната форма на тимот ќе потрае до крајот на првенството.

„Ја остваривме осмата победа по ред во шампионатот, а денеска имавме навистина „луд“ натпревар. Губевме со 1-3, но во финишот постигнавме три гола за триумф од 4-3. А игравме со десетмина играчи во последните дваесетина минути. Се надеваме дека ќе продолжиме во победнички стил до крајот на првенството и дека ќе успееме да влеземе во Арабијан Гулф елитната дивизија. Мислам дека тоа ќе го оствариме и многу побрзо, за 3 или 4 кола. Имаме шанси да направиме и многу рекорди, овде велат дека одамна немало така супериорна екипа“, вели за ЕКИПА од Дубаи, Ѓоко Хаџиевски.

Се вчитува...