Македонскиот фудбалски стратег Ѓоко Хаџиевски со нов ангажман во Обединетите Арапски Емирати. Тој го презема Ал Дафра, последнопласираниот тим на табелата, со мисија да се обиде да го извлече од дното и да му обезбеди опстанок. Со Хаџиевски, повторно во стручниот штаб ќе бидат и неговите верни соработници, Никола Аврамовски и Горазд Михајлов.
Дебито на клупата на Ал Дафра. Ѓоко Хаџиевски ќе го има в четврток, против Ал Аин во рамките на Президент Куп, додека првата битка за бодови ќе биде на 22.јануари, кога Ал Дафра му гостува на Ал Шарјах.
По 12 одиграни кола во првенството на ОАЕ, Ал Дафра има осум бода, но има реални шанси за опстанок, со оглед дека десеттопласираниот тим на Емирати има десет бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА