Македонскиот стратег Ѓоко Хаџиевски со своите соработници Никола Аврамовски и Горазд Михајлов, стигна до првата победа на кормилото на Ал Дафра, откако зимава го презеде овој клуб со мисија да се обиде да обезбеди опстанок. Ал Дафра денеска на домашен терен го совлада тимот на Диба Ал Фуџаира со 2-0, со што успеа да го напушти последното место на табелата во првенството на Обединетите Арапски Емирати.
„Ова беше многу важна победа за нас. Претходно, тимот имаше само еден триумф во 15 кола, и верувам дека ова ќе ја крене самодовербата на целиот тим. Сега имаме пауза во првенството до 23 февруари, за уште подобро да се подготвиме, и се надевам дека ќе го подигнеме тимот на Ал Дафра на уште повисоко ниво. Мисијата е да се обезбеди опстанок, со оглед дека го презедовме тимот како последен на табелата во шампионатот“, вели за ЕКИПА, Ѓоко Хаџиевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА