Најтрофејниот македонски тренер во историјата Ѓоко Хаџиевски, гостувајќи во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ се осврна и на темата околу изборот на новиот македонски селектор Гоце Седлоски.
Седлоски денеска официјално беше промовиран на чело на националниот тим, притоа со договор до крајот на сезоната да остане и на клупата на ФК Вардар. Според Хаџиевски, тоа не е ништо невообичаено…
„Тоа не е ништо ново. И јас бев тренер на Војводина и селектор на репрезентација. Една година бев тренер на Силекс, како супервајзер нешто така бев, и во репрезентација. Бев тренер на Баку и селектор на А репрезентација на Азербејџан. Ивица Осим беше тренер на Партизан и селектор на репрезентацијата на Југославија. И уште многу други примери има во европски фудбал, знам дека можат да бидат. Сега јас не знам, секој си има свој план дали Вардар има интерес да го пушти Седлоски или нема, тоа е нивна работа. Не сакам да се инволвирам сега во во тој дел“ – вели Хаџиевски.
Хаџиевски и со став зошто не треба да се размислува за странец селектор…
„А, странец селектор во Македонија, прво не можеш да го платиш – добар странец. Треба да му дадеш милионска плата за добар тренер, а може да дојде странец во Македонија кој што си бара афирмација. Во CV-то негово да си напише дека бил селектор на Македонија. А тој странец, прашање колку тебе може да ти помогне“ – вели Ѓоко Хаџиевски.
ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ СО ЃОКО ХАЏИЕВСКИ ГЛЕДАЈТЕ ГО ТУКА…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

