Македонските одбојкарки со натпреварот во сабота против Австрија од 20:15 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје ги почнуваат квалификациите за Европското првенство 2026.
Австријките минатата година не победија во Европската сребрена лига, но оваа година силна е желбата меѓу македонските репрезентативки за реванш.
Една од најдобрите македонски одбојкарки, Добрина Хаџитосева, вели дека оптимизмот ги краси овие девојки кои веруваат во успех.
„Добро се подготвуваме за натпреварот со Австрија. Одлична е атмосферата во селекцијата и веруваме дека може да ги израдуваме сите наши поддржувачи. Затоа ги повикуваме сите љубители на одбојката да дојдат во сабота да ни дадат поддршка во желбата со триумф да го почнеме квалификацискиот циклус“ – вели Хаџитосева пред саботниот натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА