Младиот фудбалер Хадис Таири е нов член на шампионот Струга ТЛ. Тој има само 18 години, и е капитен на селекцијата на Македонија до 18 години.
Игра на позицијата лев бек, а во Струга доаѓа од тимот на Охрид Лихнидос, потпишувајќи четиригодишен договор со македонскиот првак. Првите чекори ги прави во младата екипа на Струга, а потоа оди во Њу Старс, па во Велешта.
„Таири е фудбалер со многу потенцијал, кому му претстои светла иднина, а соработката со Дуро веруваме дека ќе го издигне овој играч на уште повисоко ниво“, стои во соопштението на Струга.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА