Во обидот да избори прволигашки статус, второлигашот Воска Спорт се засили со голман. Станува збор за искусниот Хадис Велии, кој што доаѓа од екипата на Беса, каде замина по откажувањето на Ренова.
Велии во минатото долго време беше дел од Ренова, а го чуваше и голот на Шкендија. Тој е големо засилување за второлигашот, кој ќе се обиде да избори пласман на едно од првите две места, кои носат во прволигашката конкуренција.
Дека Воска Спорт има сериозни намери, покажува фактот дека претходно екипата се засили со Ермедин Адем. Претходно дел од Воска станаа Ариан Зиба, Оливер Христов, Фитон Адеми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА