Хаидарирад: Едвај чекам да ја почувствувам страста на битолчани

Македонскиот ракометен шампион Е. Пелистер ги стартуваше подготвките за новата сезона во која покрај на домашен план, тие ќе ја претставуваат нашата држава и во Лигата на шампионите.

Новата аквизиција на голот на битолачни, Саид Хаидарирад говореше за своите очекувања пред стартот на сезоната.

„Сакам да се заблагодарам за можноста да потпишам за Еурофарм Пелистер. Гледав многу натпревари минатата сезона, знам дека тука се навива како на фудбалски стадион и многу навивачи секогаш се со нас.

Едвај чекам да ја почувствувам таа страст. Тука сум да ги подобрам перформансите на тимот. Веќе играв во Лигата на шампионите, пет сезони за Динамо Букурешт, и со нетрпение го чекам почетокот на новата сезона.

Знам многу мои нови соиграчи од претходно. Го знам Никола Митревскки, секогаш бевме ривали, и во Португалија и во Романија. Се знам со Богдан, Усама, ги знам сите останати ракометари од настапите со репрезентацијата. Многу добро сум примен и пресреќен сум што сум тука“, изјави Хаидарирад.

Се вчитува...