Хајдук донесе нов адут за титула

Навивачите на Хајдук имаат причина за славје откако управата конечно ја исполни желбата за враќање на „Пољуд“ на Јан Млакар, импресивниот словенечки интернационалец кој е во одлични спомени на сплитските фанови од периодот од 2021 до 2023 година кога ги бранеше боите на овој клуб.

Млакар беше продаден за 3,3 милиони евра на Пиза, но не се прослави во овој клуб. Кога Хајдук изрази желба да го врати назад на „Пољуд“ Словенецот веднаш прифати, но потежок дел од задачата беше да се најде заеднички јазик со раководството на Пиза. Преговорите траеја повеќе од две седмици, за на крајот да биде постигнат договор, Хајдук да плати 250.000 евра за позајмица до крајот на сезонава, плус бонус од дополнителни 50.000 евра ако сплитскиот клуб стигна до титулата во хрватскиот шампионт.

„Се чувствувам како никогаш да не сум заминал од Хајдук, пресреќен сум и едвај чекам да почнам со тренинзи и да му помогнам на тимот. Ги познавам речиси сите момци во екипата, така што воопшто нема да ми треба време за адаптација“, изјави Млакар, кој во претходниот „мандат“ во Хајдук настапи на 81 натпревар за сплитскиот клуб, постигнувајќи 21 гол и 3 асистенции.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...