Динамо Загреб и Хајдук ремизираа 0-0 во големото дерби на хрватскиот фудбал, со што гостите од Сплит ја задржаа предноста на табелата што ја имаат во однос на актуелниот шампион.
„Модрите“ очекувано имаа повеќе од играта, но се мачеа да создадат конкретна шанса пред противничкиот гол. Стефан Ристовски имаше обид од триесетина метри што гостинскиот голман го одбрани во првиот дел, а Динамо најубавата шанса ја имаше во второто полувреме, постигна и гол преку Перковиќ, но истиот беше поништен со ВАР поради играње со рака на стрелецот.
Адеми и Ристовски беа стартери за Динамо, Трајковски поради повреда не настапи за Хајдук на ова големо дерби. Сплитскиот тим има „плус седум“ во однос на Динамо, но и две средби повеќе во однос на големиот ривал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

