Хајдук го слави Трајковски, гол за реми во 98. минута со играч помалку

Александар Трајковски е херојот на Хајдук на денешниот дуел со Локомотива Загреб, на кој токму македонскиот репрезентативец стрелаше прецизно во псоледните секунди од мечот, спасувајќи го својот тим од пораз.

Хајдук беше на работ на амбисот откако губеше со 0-1, а потоа и остана со играч помалку по директниот црвен картон што го заработи голманот Лучиќ. Гатузо тргна на се или ништо, го внесе во игра нашиот голгетер, а тој блесна кога беше најважно и со прецизен удар со глава го матираше гостинскиот голман за тотална еуфорија на „Пољуд“.

Израмнувачкиот погодок на Трајковски можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Ремито сепак значеше и паѓање на второто место на табелата, па така Хајдук сега има еден бод помалку од водечката Ријека, која попладнево славеше со 1-0 над Вараждин со гол постигнат исто така со играч помалку, во судиското продолжение.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...