Големото хрватско дерби го доби тимот на Хајдук, кој славеше сред „Максимир“. Хајдук ја искористи лошата форма на Динамо во моментов, кој и со нов тренер, не успева да се пронајде себе си.
Хајдук поведе со голот на Ливаја, а во финишиот и Емир Сахити, екс играчот на Работнички стрелаше во мрежата на „модрите“ за голема победа од 0-2.
Со тоа Хајдук по подолго време е пред Динамо Загреб на табелата, и има два бода предност.
Атанасов беше стартер и играше до 81. минута. Во домашниот тим Адеми како капитен ги одигра сите 90. минути, додека Ристовски влезе на полувремето.
Livaja goal against Dinamo 💪 showing why he’s the best player in HNL https://t.co/Gbg93ij1Tr
— Ante🥈🥉 (@AnthonyZoric) December 5, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА