Играчот на Фиорентина, Јосип Брекало сега е пред трансфер во Хајдук. Ова лево крило во текот на изминатите месеци беше поврзуван со трансфер во Динамо Загреб, каде веќе беше готова работа, но сега се смени се.
Фиорентина веќе долго време не смета на него, и затоа сака да го испрати на позајмица во друг клуб. Има договор до 2026 година и плата од 1,7 милиони евра.
Брекало во средата беше на аеродромот на пат за Загреб, а Динамо до средата требало да ја испрати документацијата, меѓутоа тоа не го стори. На „Максимир“ се занимаваа со поразот од Локомотива и евентуална смена на тренерот, но на крајот и тоа не се случи.
Затоа Италијанците се откажа од овој трансфер, и Брекало остана во Фиорентина, и сега е на пат кон Хајдук.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА