Италијанските медиуми вчера објавија дека Хајдук ќе биде следниот клуб на Александар Трајковски, откако хрватскиот гигант ги договорил условите за соработка со нашиот репрезентативец. Информациите велеа и дека Трајковски денеска ќе допатува во Сплит, каде по лекарските прегледи ќе следи и потпис на договорот, но тоа дефинитивно нема да се случи.
Весникот „Спортске Новости“ објави дека од сплитскиот клуб пристигнал демант дека се планирани вакви активности за денешниот ден. Ако се знае дека лекарските прегледи однапред се планираат и закажуваат, јасно е дека денеска нема да има трансфер на Трајковски на „Пољуд“.
Она што е интересно, сплитскиот клуб не ги демантирал информациите дека преговара со македонскиот голгетер, па лесно може да се случи по договорањето на последните детали Трајковски до крајот на оваа седмица да потпише договор со Хајдук. Македонскиот репрезентативец е слободен играч по истекот на договорот со Ал Фајха во Саудиска Арабија, а интерес за неговите услуги покажа и Динамо Загреб, како и неколку клубови од Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

