Хајдук носи ново звучно име на „Пољуд“

Иван Ракитиќ ја заврши играчката кариера и веднаш доби функција како директор на Хајдук, а легендата ќе го повлече првиот конкретен потег – носејќи врвно име на „Пољуд“.

Станува збор за Анте Ребиќ, 31-годишниот офанзивец кој начелно ги договорил сите услови за камбек во Хајдук, клубот од каде си замина пред 12 години, а сега е подготвен да се врати за да го оствари големиот сон на цела Далмација – да ја врати титулата назад на „Пољуд“.

Хрватските медиуми потенцираат дека токму Ракитиќ ја завршил главната работа во преговорите, а Ребиќ се согласил на значително намалување на платата, но со специјален богат бонус доколку Хајдук стане шампион на Хрватска, нешто што било прифатено од страна на управата на клубот.

Хрватскиот репрезентативец е слободен играч по прекинот на договорот со Лече, па ќе може без никаква отштета да се врати назад во татковината.

Се вчитува...