Хајдук остана без врвниот голгетер

Неславно заврши втората епизода на Никола Калиниќ во дресот на Хајдук откако искусниот голгетер беше приморан да си замине од „Пољуд“ по одлуката на клубот воопшто да не му понуди продолжување на соработката.

Врвниот голгетер се врати назад во Хајдук во февруари 2021 година како големо засилување, но се соочи со низа на проблеми со повреди. Клучна сепак беше тренерската смена во сплитскиот клуб, откако новиот стратег Леко уште кон крајот на ланската сезона јасно стави до знаење дека ветеранот не му е потребен во тимот, инсистирајќи управата воопшто да не му нуди нов договор.

„Точно е, договорот ми истече и веќе не сум член на Хајдук. Сакав да останам, но тренерот не сметаше на мене, ми кажаа дека не сум се вклопувал во неговите тактички замисли“, изјави Калиниќ за весникот „Спортске Новости“.

По неговиот камбек во клубот, тој одигра 31 натпревар за Хајдук, постигнувајќи осум погодоци и четири асистенции. Севкупно, заедно со првата епизоа што траеше од 2005 до 2009 година, Калиниќ има 111 натпревари за сплитските „били“, со 52 постигнати гола и 20 асистенции.

Се вчитува...