Хајдук пак ќе извиси: Џеко го избра новиот клуб

Хајдук две години интензивно преговара со Един Џеко, но сплитскиот клуб повторно ќе извиси во обидот да го доведе извонредниот голгетер на „Пољуд“. Лани хрватската екипа не успеа да се договори со Фенербахче околу висината на отштетата, овојпат Џеко е слободен играч и се разговараше директно со него, но „белите“ не успеаја во намерата да го убедат овој фудбалер да го предводи проектот во атакот кон титулата наредната сезона.

Информациите од Италија говорат дека Болоња ќе биде новиот клуб на Босанецот, откако оваа екипа во последната седмица имаше неколку рунди разговори со агентот на Џеко, од кои последната вродила со плод.

„Болоњезите“ му понудиле на искусниот голгетер загарантирана плата од 1,5 милиони евра плус бонуси, но и можност за продолжување на соработката наредното лето.

Џеко е проверен голгетер од калчолигашките терени ако се знае дека во дресот на Интер и Рома реализираше 107 гола на 268 натпревари во елитното италијанско фудбалско друштво.

Се вчитува...