Сплитски Хајдук изненадувачки носи двајца шпански фудбалери во своите редови. Станува збор за Уго Гиљамон и Едган Гонзалез. Наводно договорите се веќе потпишани, и се очекува само нивна промоција, пренесува „Индекс“.
Двајцата играчи наводно се вклопуваат во финансискиот план на Хајдук, односно ќе заработуваат од 400 до 500 илјади евра годишно, што е приближно на она што потпишаа Анте Ребиќ и Ивица Ивушиќ.
Гуљамон потпишува перманентен договор на две години, а Гонзалез доаѓа како позајмен.
Гуљамон доаѓа од Валенсија. Иако има договор до следната година, сепак, тој ќе дојде на „Пољуд“ како слободен агент, со тоа што Валенсија ќе има процент од идна продажба. Игра на позицијата последен играч за врска, а може да игра и како стопер. Интересно е тоа што во 2022 година беше дел од Шпанија за СП во Катар, и настапи три пати за својата селекција. Тогашната вредност му беше 25 милиони, но сега падна десеткратно.
Гонзалез доаѓа од Алмерија, и игра на позицијата стопер. Во Хајдук имаат големи очекувања од него. Играше и во Бетис, а беше дел и од Депортиво, Корелија и Еспаљол. Минатата сезона за Алмерија одиграл 40 меча во Ла Лига 2. Исто така може да игра и како последен играч за врска.
Со овие две засилувања Хајдук, конечно, сака да ја врати титулата во Сплит, која ја чека повеќе од 20 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

