По две сезони, 32-годишниот македонски репрезентативец Александар Трајковски го напушта Хајдук, чиј договор со „белите“ и официјално истече денеска.
Репрезентативецот на Македонија пристигна во Сплит во септември 2023 година и имаше вкупно 38 официјални настапи за Хајдук во кои постигна 10 гола со три асистенции.
Своето деби за „белите“ го имаше веднаш по пристигнувањето на првенствениот натпревар против Локомотива на „Пољуд“, а последен пат за Хајдук се појави во последното првенствено коло, играјќи ги првите 45 минути во победата против Шибеник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

