Иако првата рунда преговори меѓу Хајдук и Анте Ребиќ заврши без договор, се чини дека сепак може двете страни да најдат некое решение.
Ребиќ веќе има понуди од Дубаи и Саудиска Арабија, а 350.000 евра што му ги понудија од Хајдук не беа доволни.
Како што објавуваат хрватските медиуми, преговорите продолжуваат и Хајдук сега му нуди на поранешниот репрезентативец на Хрватска, 450 илјади евра со бонуси. Истиот извор додава дека тоа е последна понуда од сплитскиот клуб и дека сега на Ребиќ е да „ја прифати или да ја остави“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

